Кина ги осуди „речиси терористичките акти“ на аеродромот во Хонг Конг

Летовите од аеродромот во Хонг Конг по дводневните протести на про-демократските активисти повторно продолжија, додека кинеските официјални лица ги осудија делувањата на активистите што го парализираа меѓународниот центар како „речиси терористички акти", пренесе Гардијан.

Стотици летови биле откажани во вторникот, откако демонстрантите блокираа два терминала во најновата ескалација на 10-неделната политичка криза што го зафати градот.

Но, денес само околу 30 демонстранти останале на аеродромот и летовите започнале да полетуваат по редовно.

Ескалацијата следи по засилувањето на војната со зборови на Пекинг против демонстрантите.

Кинеската канцеларија за Хонг Конг и Макао во изјава вели дека протестите на аеродромот биле „речиси терористички акти“. Исто така, остро ги осуди нападите врз репортерот на кинескиот весник Глобал тајмс на аеродромот од, како ги опиша, насилните демонстранти.

Кина повторно изрази поддршка до властите на градот под кинеска контрола строго да ги казнат одговорните за ескалацијата на кризата.

ЕУ, свесна за демократскиот дефицит на земјите од Западниот Балкан (но и останатите, претежно економски проблеми), како да тежнее кон формирање блиски, но и специфични односи со овој регион, без полноправно членство.

повеќе

Нарушени се човековите права и слободи, нема владеење на правото и правосудството, кои треба да бидат основа на процесот.

повеќе

Поентата на глобализмот е максимално економско вмрежување во десетици економски сојузи на секоја држава.

повеќе