Кина ги обвини САД дека поради претседателските избори предизвикуваат нова Студена војна

Кинескиот амбасадор во Лондон изјави денес дека САД се обидуваат да предизвикаат нова Студена војна со неговата земја затоа што бараат жртвено јагне воочи американските претседателски избори во ноември.

EPA-EFE/ALEX PLAVEVSKI

„Не стана Кина агресивна, туку тоа е земјата од другата страна на Пацификот која сака да започне нова Студена војна со Кина, со цел да одговориме на неа“, изјави пред новинарите кинескиот амбасадор во Лондон, Лиу Шаоминг. „Не сме заинтересирани за Студена војна, не сме заинтересирани за каква било војна“.

„Сите видовме што се случува во САД, се обидуваат да ја жртвуваат Кина, сакаат да ја обвинат Кина за своите проблеми“, рече тој. „Сите знаеме дека ова е изборна година“.

„Сакаат да направат било што, вклучително и да ја третираат Кина како непријател“, рече Лиу. „Веројатно мислат дека им е потребен непријател, мислат дека им е потребна Студена војна, но ние не сме заинтересирани, ѝ велиме на Америка дека Кина не им е непријател, Кина е нивна пријателка, нивен партнер“.

Претседателот на САД, Доналд Трамп, меѓу другото, го обвинува кинескиот претседател Си Џинпинг дека не ја кажувал вистината за коронавирусот што избувна во Кина, а вирусот Сарс-КоВ-2 го нарекува кинески вирус.

Кинескиот амбасадор изречно не го спомена ниту Трамп, ниту неговиот демократски противкандидат Џо Бајден, но рече дека некои политичари во САД прават и кажуваат било што, само за да бидат избрани.

Американскиот државен секретар Мајк Помпео претходно изјави дека САД сакаат да изградат глобална коалиција која ќе ѝ се спротивстави на Кина, која ја обвинува дека ја користи пандемијата на коронавирусот за да ги истурка своите лични интереси.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE/ALEX PLAVEVSKI

За преродба требаат само три чекора: промена на изборниот модел, укинување на мега и квази државниот апарат заедно со сите паразити во него и економски план за ревитализација на земјата.

повеќе

Нашиот капацитет за справување со општи кризи е ограничен. Дали здравството е немоќно, или ние не можеме да се прилагодиме на промени?

повеќе

 За базата во Ново Село, Бугарија не добива ни долар за закупнина, а отворени се и бројни прашања за животната средина.

повеќе