На итната седница за Израел и Газа

Кина ги обвини САД дека го попречуваат Советот за безбедност

Кинескиот министер за надворешни работи Ванг Ји на денешната итна седница на Советот за безбедност ги нападна САД затоа што двапати го блокираа заедничкото соопштение на Советот во кое се критикуваат Израелците и Палестинците за постојаното насилство и повика на итен прекин на огнот.

Фото: ЕПА

„Кина работи со релевантните земји на соопштението од Советот за безбедност. За жал, поради опструкцијата од една земја, Советот за безбедност не беше во можност да зборува едногласно“, рече Ји.

„Ги повикуваме САД да ги преземат своите обврски, да заземат праведен став и заедно со меѓународната заедница да го поддржат Советот за безбедност во олеснувањето на ситуацијата и градењето пат кон политичка спогодба“, додаде тој и истакна дека САД ја попречувале можноста за „посилен одговор“ од Советот за безбедност.

Министерката за надворешни работи на Норвешка, Ине Ериксен Сореиде, ги замоли членовите да издадат заедничко соопштение по денешната седница за ситуацијата во Газа и Израел.

„Сега е од витално значење советот едногласно да проговори за решавање на ситуацијата. Норвешка е подготвена да работи со сите членови на советот за да најде соодветен јазик за решавање на ситуацијата, повикувајќи на итен прекин на воените дејствија и прекин на огнот и повторно да ја потврдиме нашата поддршка за решението за две држави“, рече таа.

Министерот за надворешни работи на Ирска, Сајмон Ковени, кој зборуваше по норвешката претставничка, се придружи на нејзиниот повик за заедничко соопштение.

Изминатата недела САД двапати го блокираа ваквото соопштение.

Советот за безбедност на ООН се состана денес на вонредна седница за најжестокиот палестинско-израелски конфликт во последните неколку години.

И палестинскиот и израелскиот лидер побараа поддршка од Советот.

Во почетокот на виртуелниот состанок, генералниот секретар на ООН, Антонио Гутереш, рече дека ООН се „активно и сестрано ангажирани за постигнување примирје“.

Тој го опиша насилството како „ужасно“, додавајќи дека конфликтите мора веднаш да престанат.

Палестинскиот министер за надворешни работи Ријад ал-Малики го обвини Израел за „воени злосторства“ и го употреби изразот „апартхејд“, што го налути Израел.

Израелскиот амбасадор во Обединетите нации, Гилад Ердан, го обвини Хамас дека намерно ги почнал нападите откако владата ги одложи долгоочекуваните избори. Тој го повика Советот за безбедност да го осуди Хамас, додавајќи дека Израел „прави сѐ за да избегне цивилни жртви“.

„Хамас го напаѓа цивилното население; Израел ги напаѓа терористите“, рече Ердан.

За време на состанокот, Ердан им се заблагодари на САД за поддршката, односно за ставот на Џо Бајден дека Израел има право на самоодбрана.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Законот за високо образование јасно и прецизно ја пропишува постапката за избор во наставно-научни и соработнички звања на високообразовните институции во нашата држава-Македонија.

повеќе

На три месеци пред избори, Владата носи закони и уредби со катастрофални последици по граѓаните, што е просто неверојатно.

повеќе

ДУИ, која по конфликтот го вееше албанското црвено - црно знаме, потоа синото, на следните избори ќе го вее зеленото.

повеќе