Кина формално ги уапси двајца Канаѓани поради кражба на државни тајни

Кинеските власти формално ги уапсија двајцата кинески државјани, кои беа притворени минатата година, поради кражба на државни тајни, соопшти денес кинеската влада, што најверојатно ќе ги засили тензиите меѓу Отава и Пекинг.

Претприемачот Мајкл Спевор кој работел со Северна Кореја и поранешнот дипломат Мајкл Ковриг беа уапсени одвоено во декември, веднаш откако Канада ја уапси финансиската директорка на Хуавеј Менг Ванжу која чека екстрадиција во САД.

Кина неколку пати побара ослободување на Менг и гневно реагираше на постапката за нејзина екстрадиција.

„Според одлуката на кинеските обвинители, во изминатите неколку дена беше одобрено апсење според законот на Мајкл Ковриг поради сомнеж за злосторство на собирање државни тајни и разузнавачки податоци за странски сили и Мајкл  Спевор, поради сомнеж за кражба и нелегално пренесување државни тајни на странски сили“, соопшти портпаролот на кинеското министерство за надворешни работи Лу Канг.

Мерките се во согласност со законот, кажа Лу, а Пекинг се надева дека Канада „нема да дава неодговорни забелешки“ за спроведувањето на законот и правосудните постапки во Кина.

Канада веднаш го осуди потегот.

„Канада силно го осудува нивното неосновано апсење, како што го осудивме нивното неосновано притворање на 10 декември. Го повторуваме нашето барање Кина веднаш да ги пушти на слобода господинот Ковриг и господинот Спевор“, соопшти канадското министерство за надворешни работи.

Македонските граѓани конечно го гледаат крајот на илузијата што им се продава од осамостопјувањето до денес.

повеќе

Министерот за финансии не треба да е кум, баџанак, шура, братучед или самиот тој, бидејќи треба да даде отпор на честите политички, но не и економски барања на членовите на владата.

повеќе

Зрелоста на еден народ е да препознае кога протестите за замена му ги продаваат како протести за промена. 

повеќе