Кина дозволи паровите да имаат три деца

Кина денес објави дека на секој пар во таа земја ќе му биде дозволено да имаат до три деца, откако неодамнешните податоци покажаа драматичен пад на бројот на родени во најмногубројната земја во светот.

Фото: ЕПА

Во 2016 година Кина ја укина својата децениски стара одредба според која на паровите им е дозволено да имаат само едно дете и одреди да можат да имаат и две. Но, овој потег не резултираше со пораст на наталитетот, бидејќи трошоците за развој на деца во кинеските градови се доста високи и многу граѓани одлучиле да останат на едно дете, пишува Ројтерс.

Кинескиот попис на население, објавен во април, кој се спроведува секоја деценија, покажа дека во текот на изминатата деценија, популацијата пораснала со најбавна стапка од педесетите години на минатиот век.

И покрај напорите на владата да ги поттикне раѓањата, годишниот број на новороденчиња во Кина продолжил нагло да опаѓа на рекордно ниски 12 милиони во 2020 година, објави во април Државниот завод за статистика.

Според тој попис, податоците покажуваат стапка на фертилитет од 1,3 деца по жена за 2020 година, иста како и во општествата што стареат, како Јапонија и Италија. Таа стапка на плодност е под нивото потребно за одржување на стабилно население, предупреди Државниот завод.

Резултатите од пописот на населението, објавени во 2020 година, исто така покажуваат дека населението во Кина расте со најбавна стапка од шеесетите години, достигнувајќи 1,41 милијарда.

До падот на порастот на населението доаѓа со наглото опаѓање на бројот на работоспособно население, што исто така ги продлабочува стравувањата од претстојната демографска криза.

Родовата рамнотежа во Кина е нарушена со децениската политика за едно дете и со традиционалната социјална наклонетост кон момчињата, што предизвикало полово селективни абортуси и напуштање на девојчињата.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Министерството за финансии во изминатиот период активно работеше на реформа за унапредување на фискалната децентрализација, која нуди сериозно системско решение за стабилни финансии на општините кои ќе значат одговорни општини и испорака на квалитетни и ефикасни услуги за граѓаните. 

повеќе

Либералната империјалистичка доктрина на Америка е одговорна за ужасниот масакр во места како Виетнам, Ирак и Централна Америка. Но Америка, исто така, произведе либерална антиимперијалистичка доктрина што останува затскриена во една ТВ-серија што ја восхитува американската публика уште од 1966 година.

повеќе

Граѓани, бегалци, мигранти, веќе не ни е важно – се чини дека никој не гледа светла иднина за себе во Албанија.

повеќе