Кина до крајот на годината ќе произведе три милијарди дози вакцини

Кина до крајот на годината најверојатно ќе произведе три милијарди дози од вакцините против ковид-19, кажа денес функционер на Националната здравствена комисија (НХЦ).

EPA-EFE

„Имаме капацитети во втората половина на годината да ги исполниме барањата за сопствената побарувачка“, кажа Женг Женгвеј, кој исто така ги координира проектите за развој на вакцини.

Кинеската влада ги објави најновите податоци кои покажуваат дека производството на вакцини од 1 февруари до 5 март тројно се зголемило, со над пет милиони дози дневно.

Водечкиот произведувач на вакцини Синовак бајотек соопшти дека месецов тројно го зголемил своето годишно производство на две милијарди дози.

Кинеската национална фармацевтска групација Синофарм соопшти дека од почетокот на април ќе може секој месец да испорачува 100 милиони дози од вакцината против ковид-19. Целта на групацијата е да ги зголеми производните капацитети на три милиони дози годишно.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Европа е решена да се ослободи од меката моќ на Москва (енергенсите), а и на дипломатско поле сака да и стави до знаење дека и за неа ќе има „црвени линии“. 

повеќе

Незабележливите разлики во нашето однесување кои се дел од психолошката манипулација на социјалните мрежи се предизвикани од надзорниот капитализам и ја нарушуваат демократската култура и личната автономија.

повеќе

После десетици години се решава холдингот, неданочните давачки и царинските тарифи значајни за бизнисот.

повеќе