Кина даде поддршка на глобалната иницијатива за вакцинирање

Кинеското министерство за надворешни работи објави дека земката формално се придружи на глобалната иницијатива за вакцинирање, позната како Ковакс (COVAX), и така стана најголемата економија која се обврза дека ќе помогне во финансирањето на дози од вакцината за земјите со низок и среден доход.

EPA-EFE

Соопштението на министерството не откри детали за тоа колкава помош ќе пружи Пекинг, иако претседателот Си Џинпинг во мај вети две милијарди долари во следните две години, за да помогне во борбата со пандемијата на коронавирусот која досега во светот усмрти милион луѓе.

„Го преземаме овој конкретен чекор за да обезбедиме рамномерна дистрибуција на вакцината, особено на земјите во развој и се надеваме дека сѐ повеќе богати земји исто така ќе се придружат и ќе го поддржат Ковакс“, кажа портпаролката на кинеското министерство за надворешни работи Хуа Чунјинг.

Глобалната иницијатива Ковакс, која ја предводи Светската здравствена организација (СЗО) планира да достави барем две милијарди доази вакцини до крајот на 2021 година.

СЗО претходно објави дека преговара со Кина за вклучување во иницијативата, со тоа што засега Русија и САД решија да не се придружат.

Хуа кажа и дека Кина има големи можности за развој на вакцина против ковид-19 и дека земјите во развој ќе имаат предност при набавката на дози кога вакцината ќе биде спремна.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Пред неколку недели се наврши една година од почетокот на пандемијата. Ковид-19 ги разоткри системските проблеми во здравствениот систем и другите институционални гранки на Косово.

повеќе

Ако не се претвориме во систем на вакцинални касти („Тргни ги твоите Астразенека-шепи од мојот Фајзер-дедо“), може да застраниме кон вакцинални пасоши со сомнителна валидност („Врвката на оваа пропусница не е во нијанса одобрена од СЗО!“).

повеќе

Освен неколку изолирани обиди, повеќето луѓе не реагираат кај институциите и не бараат одговорност. 

повеќе