Кина: Цела земја оди кон изолација, рекорден број умрени за 24 часа (ВИДЕО)

Од избивањето на коронавирусот во градот Вухан, Кина претрпе најголем број умрени во 24 часа, а забележани се 24 умрени, пренесува Раша тудеј.

Вирусот сега се прошири на сите региони во Кина, и во вкупно 22 држави во светот.

Бројот на потврдени случаи на коронавирусот во Кина скокна на 7.711, а дополнителни 81.000 се на разгледување.

Видео снимките и форографиите од Кина покажуваат празни улици и тишина во трговските центри.

Додека се обидува да се избори со епидемијата, официјален Пекинг стави „под клуч“ 16 града, што значи дека десетици милиони граѓани се под карантин.

А Кина почнува да ја изолира и светот. Русија поради коронавирусот ја затвори границата со Кина во пет региони на Далечниот исток, Чешка им ги ограничи визите на Кинезите и се размислува за укинување на летовите.

Иако првично не сакаа да ја прогласат епидемијата на коронавирусот за меѓународна вонредни ситуација, лидерите на Светската здравствена организација свикуваат нова средба за да одлучат дали кризата е доволно длабока.

Пандемијата на коронавирусот која го зафати целиот свет, не само што има огромно влијание врз јавното здравство, општеството и економијата како целина, туку предизвика пустош и во спортот.

повеќе

За транспортерите – благодарам, за мерките – итност, за компаниите надеж дека Владата ќе ги искористи сите ресурси на државата за да ги одржи во живот, без разлика на цената што треба да се плати за тоа.

повеќе

Пандемијата со коронавирусот започна во време кога довербата во институциите беше на рекордно ниско ниво. 

повеќе