Кина би можела да ги откаже трговските преговори поради заканите на Трамп

Пекинг би можел да ги откаже трговските преговори договорени за среда во Вашингтон, објави Волстрит џурнал синоќа, откако американскиот претседател Доналд Трамп неочекувано се закани со зголемување на царините на кинеската стока.

Американскиот весник се повикува на извор упатен во кинеските позиции и наведува дека кинеските функционери биле изненадени од Трамповата закана преку Твитер и дека би можеле да ја откажат средбата на кинескиот вицепремиер Лиу Хе во Вашингтон.

„Кина не би требало да преговара со пиштол вперен во главата“, изјавил неименуваниот извор за Волстрит џурнал и додал дека одлуката за тоа дали ќе продолжат со преговорите сѐ уште не е донесена.

Американските власти претходно сугерираа дека договор за завршување на повеќемесечната трговска војна би можел да биде постигнат во петок, а министерот за финансии Стив Мнучин средбите ги нарече „последниот круг“ од преговорите.

Американскиот претседател Доналд Трамп објави вчера дека од петок САД ќе ги зголемат царините на кинеската стока вредна 200 милијарди долари од 10 на 25 отсто, оценувајќи дека трговските преговори се одвиваат „преспоро“.

Двете страни се обидуваат да постигнат трговски договор откако Трамп минатата година воведе царини на кинеската стока а Кина одговори со еднаква мера предизвикувајќи трговска војна која се заканува со дестабилизација на меѓународните пазари.

Зголемувањето на царините во петок ќе биде прво откако Трамп и кинескиот претседател Си Џинпинг во декември објавија примирје во трговската војна.

Иако Трамп вчера напиша дека американските царини на кинеската стока имаат „мало влијание врз цените“, истражувањето на Центарот за економски стуфии од Принстон покажа дека трговската војна американските потрошувачи ги чини 1,4 милијарди долари месечно.

Македонските граѓани конечно го гледаат крајот на илузијата што им се продава од осамостопјувањето до денес.

повеќе

Министерот за финансии не треба да е кум, баџанак, шура, братучед или самиот тој, бидејќи треба да даде отпор на честите политички, но не и економски барања на членовите на владата.

повеќе

Зрелоста на еден народ е да препознае кога протестите за замена му ги продаваат како протести за промена. 

повеќе