Кина бара од членките на ОН да не присуствуваат на настанот во врска со репресијата на ујгурските муслимани

Кина побара од членките на Обединетите нации (ОН) да не присуствуваат на настанот што следната недела планираат да го организираат Германија, САД и Велика Британија за репресијата над ујгурските муслимани и други малцинства во кинеската провинција Ксинџијанг, според белешката што Ројтерс ја имал на увид во петокот.

Фото: ЕПА

„Тоа е политички мотивиран настан. Ја повикуваме вашата мисија да не учествува во овој антикинески настан“, се вели во белешата на кинеската мисија при ОН, со датум од 6 мај.

Организаторите на тој настан, кои покрај неколку европски земји ги вклучуваат Австралија и Канада, Кина ги обвинува дека користат „прашања за човековите права како политичко средство за мешање во кинеските внатрешни работи како Ксинџијанг, за да создадат поделби и немири и да го нарушат кинескиот развој“.

„Тие се опседнати со предизвикување конфликт со Кина“, се вели во белешката, додавајќи дека „овој провокативен настан може да доведе само до уште поголема конфронтација“.

Кинеската мисија при ООН не одговори веднаш на барањето за коментар на белешката.

Амбасадорите на САД, Германија и Велика Британија треба да зборуваат на виртуелен настан на ОН во среда, заедно со извршниот директор на Хјуман рајтс воч Кен Рот и генералниот секретар на Амнести Интернешнл Агнес Каламард.

Целта на настанот е да се дискутира за тоа како системот на ООН, членовите и граѓанското општество можат да ги поддржат и застапуваат човековите права на припадниците на етничките турски заедници во Ксинџијанг, стои во поканата за настанот.

Западот и групите за човекови права ги обвинија властите во кинеската провинција Ксинџијанг за затворање и мачење на Ујгурите во логори, што САД го опишуваат како геноцид. Во јануари, Вашингтон забрани увоз на памучни производи и производи од домати од Ксинџијанг поради обвинувања за присилна работа.

Пекинг ги негира обвинувањата и ги опишува камповите како центри за стручна обука за борба против верски екстремизам.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Узурпацијата на јавниот простор како камен за сопнување на граѓанскиот активизам.

повеќе

Паузата во борбата против коронавирусот, бизнисот ја користи за свое преструктуирање и за непосредни контакти со компаниите кои беа запоставени во изминатиот период.

повеќе

Страшно е да се помисли дека постојат луѓе што со години се распрашуваат, го истражуваат, и го следат животот на граѓаните преку социјалните мрежи и интернетот.

повеќе