Ким вети: Следниот состанок со Трамп ќе даде резултати

Ким Џонг Ун вети дека неговиот втор самит со американскиот претседател Доналд Трамп ќе доведе до „резултат" кој ќе ги исполни очекувањата на меѓународната заедница, пренесе АП.

Новинската агенција Ксинхуа објави дека лидерот на Северна Кореја го дал ветувањето за време на посетата на Пекинг.

Кинескиот претседател Си Џинпинг во таа прилика ги повика Северна Кореја и САД да „се најдат на половина пат“.

Си додаде дека е дадена „ретка историска можност“ за политичко решавање на ситуацијата на Корејскиот полуостров, наведе Ксинхуа.

Севернокорејскиот лидер до вчера престојуваше во дводневна посета на Кина, четврта од минатата година.

Кина е важен дипломатски фактор во чувствителните преговори за нуклеарната и ракетна програма на Пјонгјанг, бидејќи Пекинг е главниот сојузник и трговски партнер на Северна Кореја.

За прв пат имаме постапки за амнестија кои не се водат по службена должност (ex officio), туку по приватна иницијатива на засегнатите странки (ex privata).

повеќе

Причината за загриженост не е дали ЕУ успева да создаде функционални и стабилни земји или не, туку тоа што ангажманот на ЕУ во регионот води кон губење на кредибилитетот на Унијата како меѓународен актер и кон неуспех на нејзината Заедничка надворешна и безбедносна политика.

повеќе

Зошто егзистирањето на Северна Македонија „во духот на Преспанскиот договор“ ќе значи фактичко постоење на една орвеловска држава?

повеќе