„Ким сака да го стави целиот полуостров под свој режим“

Долгорочната цел на севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун е да го обедини Корејскиот Полуостров под својот тоталитарен режим.

Ова го изјави високиот официјален претставник на американската морнарица што ги надгледува воените операции на Пацификот, адмиралот Хари Харис Џуниор.

Многумина сметаат дека нуклеарниот арсенал на Ким му е потребен за да го заштити својот режим, но тој „сака многу повеќе“, предупреди Харис во своето обраќање пред Комитетот на вооружените сили на Претставничкиот дом за САД, пренесе Нејви тајмс.

Според Харис, долгорочната цел на Ким е повторното обединување на двете Кореи „под единствен комунистички систем“.

Сите идни преговори со Северна Кореја, заклучи американскиот адмирал, мора да бидат фокусирани на отстранувањето на нуклеарното оружје од Корејскиот полуостров.

Харис, речиси четири децении, е официјален претставник на американската армија. На чело на американската Пацифичка команда е од мај 2015 година, а минатата недела американскиот претседател Доналд Трамп објави дека ќе го назначи Харис за амбасадор на САД во Австралија, што сега треба да биде потврдено од Сенатот.

Според Законот за вработените во јавниот сектор, службениците можат да примаат подароци во вредност до 3000 денари годишно, што се смета за „пониска вредност“.

повеќе

Кинеското присуство во Македонија не треба да се преценува или стигматизира, туку да се искористи,

повеќе

Земјите од Западен Балкан се соочуваат со нов безбедносен предизвик: дерадикализација и реинтеграција на повратниците.

повеќе