Ким призна дека состојбата е лоша: Се гради болница (ФОТО)

Лидерот на Северна Кореја Ким Џонг Ун постави камен темелник за изградба на болница, притоа признавајќи дека на земјата ѝ недостасуваат современи медицински установи.

Запознаените со ситуацијата велат дека епидемијата на коронавирусот во Северна Кореја би можела да има катастрофални последици за земјата, како резултат на хроничниот недостаток на медицинска опрема и застарена болничка инфраструктура, пренесува АП.

„Од клучно значење е државните напори да бидат насочени кон подобрување на јавното здравје“, рече тој на церемонијата по повод почетокот на изградбата на „модерна општа болница“, објави КЦНА.

Според него, изградбата мора да биде завршена до 75-годишнината од основањето на Работничката партија во октомври.

Ким неочекувано призна дека состојбата во државниот систем е во проблематична состојба, јави Ројтерс.

Тој рече дека Северна Кореја има неколку модерни болници во Пјонгјанг, но додаде дека плановите за изградба на новата болница покажуваат дека таа ќе биде најсофистицирана во Северна Кореја откако ќе се изгради.

Според податоците на Светската здравствена организација, Северна Кореја има 135 општи и други болници.

Постојат различни фактори кои влијаат на нивото на ризик кога станува збор за перење пари. Тоа може да биде од клиенти, региони, производи или ризик од финансиски инструменти. Разбирањето на овие ризици, како и факторите што придонесуваат, им овозможува на надлежните органи многу поефикасно да се заштитат од перење пари поврзано со корупција.

повеќе

Ако идниот премиер биде македонски Албанец и ако успее сите граѓани на Македонија да се поклонуваат под едно знаме, тогаш – зошто да не!

повеќе

Стана премногу вообичаено да се слушнат повици за брза и сериозна одмазда како одговор на недокажани престапи на говорот и мислата, велат Ноам Чомски, Џ.К. Роулинг и 150 други интелектуалци во отворено писмо до јавноста.

повеќе