Предупредување на лидерот на Северна Кореја

Ким: Наскоро на светот ќе му го покажеме новото стратегиско оружје (ВИДЕО)

Севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун предупреди дека неговата земја наскоро ќе му покаже на светот ново стратегиско оружје и ја обвини владата на американскиот претседател Доналд Трамп дека намерно одолговлекува со нуклеарните преговори со Пјонгјанг.

Државната новинска агенција КЦНА јави дека Ким за време на четиридневната конференција на владејачката Комунистичка партија во Пјонгјнг кажа дека Северна Кореја никогаш нема да се откаже од својата безбедност за економска корист, во време, како што кажа, на сѐ поголемо американско непријателство и закана со нуклеарно оружје.

Кимовата изјава следи по едномесечната пат-позиција меѓу Вашингтон и Пјонгјанг поради споровите меѓу кои се разоружувањето на Северна Кореја и укинувањето на американските санкции против таа земја.

„Ако САД продолжат со непријателската политика кон Северна Кореја, никогаш нема да има денуклеаризација на Корејскиот Полуостров и Северна Кореја упорно ќе го рзвува неопходното стратегиско оружје за безбедноста на државата додека Вашингтон не прекине со непријателската политика“, кажа Ким.

Тој, меѓутоа, не даде никаков јасен знак дека целосно ќе ги напушти преговорите со САД или ќе ги обнови тестирањата на атомските бомби и интерконтиненталните балистички ракети кои ги суспендираше врз основа на мораториумот од 2018 година.

Американскиот претседател Доналд Трамп кажа дека и понатаму верува во желбата на севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун да ја денуклеаризира земјата, и покрај објавата на Пјонгјанг за прекин на мораториумот на нуклеарни проби.

„Ние потпишавме договор кој вклучува денуклеаризација. Тоа беше главната реченица, и тоа беше направено во Сингапур. Мислам дека тој е човек кој го одржува кажаното“, им кажа Трамп на новинарите.

Пандемијата на коронавирусот која го зафати целиот свет, не само што има огромно влијание врз јавното здравство, општеството и економијата како целина, туку предизвика пустош и во спортот.

повеќе

За транспортерите – благодарам, за мерките – итност, за компаниите надеж дека Владата ќе ги искористи сите ресурси на државата за да ги одржи во живот, без разлика на цената што треба да се плати за тоа.

повеќе

Пандемијата со коронавирусот започна во време кога довербата во институциите беше на рекордно ниско ниво. 

повеќе