Ким на бел коњ јава на корејската света планина (ФОТО)

Лидерот на Северна Кореја Ким Џонг Ун се искачи, јавајќи на бел коњ, на планината Пекту, највисоката во земјата со големо симболично значење за династијата Ким.

Низата фотографии објавени од државната агенција КЦНА го прикажуваат Ким како јава на планината покриена со снег.

Ова не е првпат да се искачи на планинскиот врв висок 2.750 метри, а аналитичарите велат дека таквата постапка обично претходи на објавувањето на некои големи одлуки, пренесе Би-би-си.

Планината Пекту има посебно место во идентитетот на земјата и се смета за родно место на таткото на Ким Џонг Ун. „Неговото јавање на планината Пекту е голем настан со огромно значење во историјата на Корејската револуција“, наведе КЦНА.

Аналитичарите велат дека симболиката го нагласува издржувањето на Северна Кореја на меѓународните санкции и притисокот врз нејзините нуклеарни оружја и програми за балистички ракети.

„Ова е изјава, симбол на пркос“, рече Џошуа Полак, експерт за Северна Кореја од Институтот за меѓународни студии Мидлбери во Калифорнија.

Да се стави точка на великобугарскиот шовинизам е насловот позајмен од едно писмо напишано во јули 1946 година од Илинденската организација до Владата на слободна Македонија.

повеќе

Бидејќи знаеме да се перчиме со секој што потекнал од нашиве простори, дури и до илјадито колено наназад (од Аминта III до Симона Халеп), јас ќе ја искористам приликава за да се погордеам со македонските гени на еден извонреден музичар: Васил Хаџиманов.

повеќе

Коста Абрашевиќ, Гоце Делчев... и десетици илјади современици кои потпишале дека „по род се...", за да можат да патуваат и да работат во ЕУ државите.

повеќе