Пјонгјанг

Ким ја прегледа новата подморница, непосредно пред вежбите на Јужна Кореја и САД

Севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун ја прегледа новата подморница и особено внимание посвети на нејзините борбени системи.

„Оперативниот капацитет на подморницата е важна компонента во националната одбрана на нашата земја опкружена со море на исток и запад “, рече Ким.

Ким ја прегледа подморницата една недела откако Пјонгјанг предупреди дека може да ја укине својата 20 месечна суспензија од нуклеарни и ракетни тестови во знак на протест поради очекуваните воени вежби меѓу САД и Јужна Кореја, за кои велат се проба за инвазија.

Државната агенција КЦНА објави дека подморницата наскоро ќе биде распоредена, но без да наведе детали за нејзината опрема.

„Врховниот лидер е информиран за сите детали за нејзините оперативни и тактички способности, како и за борбените системи“, наведе КЦНА.

Северна Кореја има голема флота подморници, но само една експериментална подморница која може да биде опремена со балистички проектили.

Аналитичарите велат дека со оглед на големината на новата подморница, се чини дека е дизајнирана за најпосле да може да биде опремена со проектили.

Северна Кореја ја има една од најголемите флоти на подморници во светот, но многу од нив брзо застареле и прашање е колку од нив се функционални, се наведува од Иницијативата за нуклеарна опасност од Вашингтон.

По определувањето на мерката ефективен притвор, притворениот раководен функционер не може да издава полноважни правни акти, меѓу другото, и поради фактот што го нема службениот печат.

повеќе

Вината за недобивањето на датум за преговори треба да ја барате во вас и вашите соработници и коалициски партнери.

повеќе

Ајде од понеделник да се посветиме сериозно на „носење на Европа" во нашата држава.

повеќе