Ким Џонг Ун за прв пат ќе ја посети Русија на средба со Путин

Лидерот на Северна Кореја Ким Џонг Ун ќе ја посети Русија кон крајот на април на прва средба со Владимир Путин, јави Москва, пренесе Гардијан.

„По покана од Владимир Путин... Ким Џонг Ун ќе ја посети Русија во втората половина на април“, изјави Кремљ преку соопштение на својата веб-страница во четвртокот.

Најавата следи откако Северна Кореја соопшти дека тестирала ново тактичко оружје со „моќна боева глава“, додека се чини дека разговорите за денуклеаризација со Вашингтон се во застој.

Кремљ не соопшти детали за точниот датум или локација за состанокот, но руските, јужнокорејските и јапонските медиуми известија дека ќе биде на далечниот исток на Русија.

Путин одамна ја изрази својата подготвеност да се сретне со лидерот на Северна Кореја.

Портпаролот на Путин, Дмитриј Песков рече дека Фиона Хил, советничка на Доналд Трамп, била во Москва на разговори со својот руски колега Јури Ушаков.

Специјалниот американски претставник за Северна Кореја, Стивен Биеган исто така бил во Москва соопшти Стејт департментот.

Во меѓувреме, претставник на Пјонгјанг е виден како врши увид на железничката станица во далечниот источен град Владивосток, во близина на руската граница со Северна Кореја, објавија руските државни медиуми.

Русија има релативно блиски односи со изолираниот режим и обезбедува одредена помош во храна.

Последниот самит меѓу рускиот и севернокорејскиот лидер на државата бил во 2011 година, кога таткото на Ким, Ким Џонг Ил, отпатува за Сибир за да се сретне со тогашниот претседател на Русија, Дмитриј Медведев.

Ким Џонг Ил, кој почина непосредно по посетата, на Медведев му кажал дека неговата држава е подготвена да се откаже од нуклеарното тестирање.

Деликатна јазична авантура е ако се излезе од основното и утврдено значење на зборовите и се прејде во сферата на жаргонот и колоквијалноста.

повеќе

Плаќањето на вработените на час наместо месечно помага да се зголеми нивната плата со тоа што ќе се вреднува работното време поефикасно.

повеќе