Ким Џонг Ун во новогодишното писмо им се извини на жителите на Северна Кореја

Севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун за Нова година го посети гробот на својот татко и дедо и со писмо им се обрати на жителите на неговата земја, објавија во петокот државните медиуми.

Фото: ЕПА

Во писмото, Ким Џонг Ун му се заблагодари на народот на Северна Кореја за вербата и поддршката на владејачката партија дури и во тешки времиња. Тој исто така се извини што не го исполни ветувањето за економски напредок и за тешкотиите на кои биле изложени жителите како резултат на меѓународните санкции и строгите мерки за спречување на ширењето на епидемијата на коронавирус, објавија државните медиуми.

„И во новата година, напорно ќе работам за што побрзо да дојде новата ера во која ќе се исполнат идеалите и желбите на нашиот народ“, рече Ким Џонг Ун во писмото.

За време на посетата на мавзолејот во кој се наоѓаа гробовите на неговиот татко Ким Џонг Ил и на севернокорејскиот основач Ким Ил Сунг, Ким Џонг Ун беше придружуван од високи владини претставници и делегати на осмиот конгрес на Работничката партија на Кореја. Осмиот конгрес на владејачката партија треба да се одржи во јануари, а Ким Џонг Ун се очекува да објави нов петгодишен економски план и да направи некои измени во раководството на партијата.

Во четвртокот вечер на главниот плоштад во Пјонгјанг бил организиран концерт и огномет за новогодишната ноќ, кога се собрале многу луѓе со заштитни маски, но физичкото растојание меѓу нив речиси и го немало.

Северна Кореја од почетокот на пандемијата известува дека нема потврдени случаи на коронавирус во земјата, а владата воведе скоро целосно затворање на границите и други остри ограничувачки мерки за да ја спречи епидемијата.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Пред неколку недели се наврши една година од почетокот на пандемијата. Ковид-19 ги разоткри системските проблеми во здравствениот систем и другите институционални гранки на Косово.

повеќе

Ако не се претвориме во систем на вакцинални касти („Тргни ги твоите Астразенека-шепи од мојот Фајзер-дедо“), може да застраниме кон вакцинални пасоши со сомнителна валидност („Врвката на оваа пропусница не е во нијанса одобрена од СЗО!“).

повеќе

Освен неколку изолирани обиди, повеќето луѓе не реагираат кај институциите и не бараат одговорност. 

повеќе