По предупредувањето дека ќе побара „алтернативен пат“

Ким Џонг Ун во Кина по четврти пат

Лидерот на Северна Кореја Ким Џонг Ун престојува во официјална посета на Кина, на покана од кинескиот претседател Си Џинпинг.

Како што пренесуваат кинеските државни медиуми, тој ќе престојува во Кина од 7 до 10 јануари, и тоа е негова четврта средба со претседателот Си во изминатата година, пренесе Ројтерс.

Ким Џонг Ун е во посета на Кина само неколку дена откако предупреди дека можеби ќе побара „алтернативен пат" доколку САД не ги олеснат санкциите и притисокот врз неговата изолирана земја.

Посетата на Ким во Кина, како најважен економски и дипломатски сојузник на Северна Кореја, се одвива додека се во тек преговори за негова втора средба со американскиот претседател Доналд Трамп.

Ким минатата недела во новогодишниот говор рече дека е подготвен да се состане со Трамп во било кога за да ја постигнат заедничката цел денуклеаризација на Корејскиот полуостров. Сепак, тој предупреди дека би можел да побара „алтернативен пат" доколку продолжат американските санкции и притисокот врз Северна Кореја.

Само во минатата година, Ким три пати патуваше во Кина, пред и по состанокот со претседателот на САД, Доналд Трамп и јужнокорејскиот претседател Мун Jae Ин.

Во придружба на лидерот на Северна Кореја се неговата сопруга Ри Сол Ју, министерот за надворешни работи Ри Јонг Хо и други високи претставници на Северна Кореја.

Јужнокорејските медиуми во понеделникот објавија дека севернокорејскиот воз во кој најверојатно е висок официјален претставник од таа земја ја преминал границата со Кина, додека јапонската агенција Кјодо објави дека на гостите во хотелот во кинескиот град Дандонг, кој се наоѓа во близина на границата со Северна Кореја, а чии соби гледаат кон пругата им бил забранет престојот во собите додека поминувал возот.

Во дипломатијата како гранка од јавно политичкиот живот професионалните кадри треба да бидат повеќе застапени од политичките.

повеќе

Апелирам до лидерите на партиите да не им „помагаат" на кандидатите.

повеќе

Во ерата во која сите напредни земји во светот престануваат со употреба на фосилни горива, ние отвораме нови наоѓалишта, наоѓаме оправдување за исцрпување на необновливите ресурси и за активирање на најголемата глобална закана за морската биолошка разновидност.

повеќе