Ким Џонг Ун тргна во војна со фармерките, сленгот и странските филмови

Северна Кореја неодамна донесе нов закон со кој сака да сузбие какво било странско влијание, строго казнувајќи ги сите оние кои кај себе имаат странски филмови, странска облека или ако зборуваат сленг.

EPA-EFE

Ју Ми Со раскажала дека кога имала 11 години за првпат видела дека властите погубиле маж затоа што кај себе имал јужнокорејска драма. Неговата егзекуција морало да го гледа целото соседство.

„Доколку не гледате, тоа би се сметало за предавство“, кажа таа за Би-би-си од својот дом во Сеул.

Замислете да се во постојан карантин, без интернет, без социјални медиуми и со само неколку телевизиски канали под строг надзор на државата – тоа е животот во Северна Кореја, пишува британскиот јавен сервис.

А сега лидерот на таа земја решил да оди чекор понатаму и вовел закон против таканаречената реакционерна мисла. Секој кој ќе биде фатен со големо количество видео-содржини од Јужна Кореја, САД или Јапонија го чека смртна казна, а на оние кои ги гледаат таквите снимки им се закануваат 15 години затвор.

Неодамна Ким испрати порака преку државните медиуми во која ја повикува Лигата на млади да преземе мерки против „индивидуалистичкото, антисоцијално однесување“ меѓу младите. Сега сака да ја сопре употребата на странски фрази, фризури и облека за кои кажа дека се „опасни отрови“.

Политичките аналитичари сметаат дека севернокорејскиот лидер се обидува да ги сопре надворешните информации кои доаѓаат до народот на Северна Кореја бидејќи животот станува сè потежок. Веруваат дека милиони луѓе гладуваат и затоа Ким Џонг Ун сè повеќе ги храни со државна пропаганда.

Земјата сега, по затворањето на границите поради пандемијата, е отсечена од надворешниот свет повеќе од кога било претходно. Речиси целосно е сопрена трговијата со соседна Кина и дотокот на стока.

Познати се делови од новиот закон.

„Во него се наведува дека ако се фати работник или шеф на фабрика, дека ќе бидат казнети. Ако станува збор за дете, ќе бидат казнети родителите“, вели Ли Санг Јонг, главниот уредник на весникот Дејли НК, и додава дека се работи на сузбивање на сите соништа или фасцинации на младата генерација со југот.

„Со други зборови, режимот заклучил дека би можело да се создаде чувство на отпор ако се воведат култури од други земји“, вели тој.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Ковидот нема да нѐ победи. Да зборуваме за раст и развој, за подобар и забрзан раст, за паметен и зелен развој.

повеќе

Размислуваме како можеме да ја заштедиме и заштитиме водата, но само додека немаме вода!

повеќе

Во последните 30 години сите политички партии, независно од тоа колку демократски се претставуваат во своите програми, на државата гледаат како на инструмент, што е пак првиот сигнал, чекор кон авторитарност.

повеќе