Ким Џонг Ун свечено отвори нов град (ВИДЕО)

Севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун го отвори новиот град Самџијон, монументално градилиште на границата на Северна Кореја.

Градот е сместен во близина на планината Паекту, која според легендата се смета за колепка на корејската нација.

Пјонгјанг вложи огромни суми пари во проектот за обнова на градот, кој сѐ уште не е завршен. Самџијон е главен град на округот на границата со Кина и според севернокорејската пропаганда место на раѓање на Ким Џонг Ил, таткото на Ким Џонг Ун.

Покрај музејот посветен на револуционерните активности и стадионот за тренирање зимски спортови, во проектот се вклучени нова линија на железницата, 10.000 станбени единици и фабрика за обработка на боровинки и компир, најважните ресурси во тој дел од Северна Кореја.

Ким повеќе пати го посети градилиштето, а неодамна беше објавена и неговата фотографија на бел коњ, на врвот на планината Паекту.

Брегзитот, односно напуштањето на Велика Британија на ЕУ, без сомневање ќе влијае врз градењето на новата политичка архитектура во Европа, со нова поделба на интересни зони на стариот континент.

повеќе

Германската канцеларка Ангела Меркел, меѓу другите, беше гневна; Балканот помодре од бес. ЕУ сега се обидува да го натера Макрон да го тргне ветото пред Европскиот самит во март.

повеќе

Мојата заложба е конечно законите и прописите наместо инструмент за спроведување лични интереси, да ја добијат вистинската функција, заштита на интересите на граѓаните. За жал...

повеќе