Ким Џонг Ун смета дека има посебна врска со Трамп

Водачот на Северна Кореја, Ким Џонг Ун, верува дека има „специјален“ однос со американскиот претседател Доналд Трамп, изјави денес висок севернокорејски функционер.

Ким Кие Гван, официјален претставник на Министерството за надворешни работи, за КЦНА изјави дека се сретнал со Ким „пред неколку дена“ и дека лидерот на Северна Кореја во таа прилика му кажал дека односите што ги има со претседателот Трамп се „посебни“.

Неодамна, зборувајќи за Ким, Трамп рече дека лидерот на Северна Кореја „му се допаднал“, а и тој нему, дека се разбираат и се почитуваат.

Аналитичарите велат дека Ким се надева дека ќе постигне договор за нуклеарната програма на Северна Кореја соработувајќи директно со Трамп.

Сега, кога нашата држава ја предводат анационални лидери, кога супериорната бугарска власт смрди од агресивен национализам, ќе биде тешко да се изгради цврсто пријателство.

повеќе

Иако Буџетот 2020 е популистички, сепак со цврстите ставови за отфрлање на субвенциите за возила и за промена на даночната политика на СДСМ, како и во идејата за понатамошно отворање на Министерството за финансии се наѕира дека Ангеловска знае што прави.

повеќе

Да се стави точка на великобугарскиот шовинизам е насловот позајмен од едно писмо напишано во јули 1946 година од Илинденската организација до Владата на слободна Македонија.

повеќе