Ким Џонг Ун се расплака и им се извини на граѓаните на Северна Кореја (ВИДЕО)

Севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун заплака на големата воена парада на која им испрати ретко извинување на граѓаните на Северна Кореја, пренесуваат агенциите.

EPA-EFE

Ким во својот говор се извини за неуспехот во водењето на земјата низ бурните времиња на таа земја, дополнително влошени од пандемијата на коронавирусот.

Зборувајќи на големата воена парада одржана за време на викендот по повод 75-годишнината од владејачката Работничка партија, Ким ги тргна очилата и ги избриша солзите, што е, според аналитичарите, последица на засилениот притисок врз неговиот режим.

„Нашите луѓе ми укажаа доверба, висока до небото и глабока како морето, но не успеав тоа секогаш на задоволувачки начин да го исполнам“, кажа тој, според преводот на Кореа тајмс. „Навистина ми е жал за тоа“.

Спомнувајќи ги своите дедо и татко, претходните двајца лидери на Северна Кореја, Ким продолжи: „Иако ми е доверена важната одговорност да ја водам оваа земја поддржувајќи ги целите на големите другари Ким Ил Сунг и Ким Џонг Ил, моите труд и искреност не беа доволни да ги ослободат нашите луѓе од тешкотиите во нивниот живот“.

Државната телевизија КЦНА јави дека Ким го пречекал силен аплауз додека влегувал вчера на „големата масовна гимнастичко-уметничка изведба „Великото водство““.

Настанот следеше еден ден по досега невидената ноќна воена парада која покажа невообичаено широк спектар на ново оружје во земјата.

Северна кореја ги оживеа таканаречените Масовни игри во 2018 година, по петгодишна пауза, за да прикаже слика на меѓународен ангажман и мир.

Масовните игри се големи претстави во кои учествуваат десетици илјади танчери, гимнастичари и пејачи кои изведуваат познати пропагандни теми.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Западен Балкан оди во насока на целосна контрола на државните институции во служба на политичките елити. Не е чудо што граѓаните имаат ниска доверба во овие институции.

повеќе

Граѓаните се преморени од бескрајните, приказни на предавници и патриоти, тирански платформи, договори со Грција, Бугарија, рекети, пописи, тендери,

повеќе

Критичкото малцинство, на 2020 година не гледа само како на година која ја донесе вирусната пандемија, туку и како на година која донесе и еден друг вид на пандемија, онаа на КОВИД-авторитаризмот.

повеќе