Ким Џонг Ун се појави во јавноста по три недели (ФОТО)

Севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун се појави денес по тронеделно отсуство во мавзолеј во Пјонгјанг каде што се чуваат балсамираните остатоци на неговиот татко и дедо, јавуваат јужнокорејските медиуми.

Исчезнувањето на Ким од јавноста поттикна тврдења во Јужна Кореја дека севернокорејскиот лидер стравува од заразата со коронавирусот која се шири во Азија и во светот.

Ким во мавзолејот дојде на 78-от роденден на својот татко Ким Џонг Ил.

Денот на сјајната ѕвезда, како што се нарекува овој датум, е важен празник во државата каде политичката класа ја следи култ на личноста на владејачкото семејство. Ким Џонг Ил почина во 2011 година.

Јужнокорејските медиуми јавуваат дека ова е прво појавување на Ким по 22 дена. Засега нема информации за случаи на коронавирусот во Северна Кореја, која по појавувањето на епидемијата во Кина ја затвори границата со таа држава.

Севернокорејските медиуми неодамна јавија дека се спроведува 30-дневен карантин за сите за кои се сомнева дека се заразени со новиот вирус.

За транспортерите – благодарам, за мерките – итност, за компаниите надеж дека Владата ќе ги искористи сите ресурси на државата за да ги одржи во живот, без разлика на цената што треба да се плати за тоа.

повеќе

Пандемијата со коронавирусот започна во време кога довербата во институциите беше на рекордно ниско ниво. 

повеќе

Најголемата закана од оружје засновано на ВИ не доаѓа од поединечни земји. Заканата ќе дојде од недржавни актери.

повеќе