Ким Џонг Ун се извини за убиството на јужнокорејскиот функционер на границата

Севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун испрати ретко лично извинување поради убиството на јужнокорејскиот функционер, пренесува Би-би-си.

EPA-EFE

Ким наводно му кажал на својот јужнокорејски колега Мун Јае Ин дека инцидентот не требало да се случи.

Тој наводно бил застрелан во рамки на мерките за борба против коронавирусот, кажа советник за нациолна безбедност на јужнокорејскиот премиер.

Јужнокорејските власти јавија дека 47-годишникот наводно бил застрелан кога се обидувал да пребегне на Северот.

Во севернокорејските води го нашла војската по што бил застрелан, а телото му било запалено, јавија јужнокорејските власти.

Извинувањето пристигнало во фомра на писмо упатено до претседателот Мун, а Ким кажал дека му е „многу жал што ги разочарал господинот Мун и народот на Јужна Кореја“.

Северна Кореја исто така ѝ ги дала на Јужна на увид резултатите од својата истрага за инцидентот. Во документот се наведува дека биле испукани повеќе од 10 куршуми во мажот кој навлегол во севернокорејските води, дека не сакал да го открие својот идентитет и потоа се обидел да избега.

Меѓутоа, се наведува дека тие го запалиле неговиот елек за спасување, а не неговото тело.

„Војниците не можеле да го лоцираат неидентификуваниот претстапник за време на потерата, по што испукале куршуми и го запалиле елекот според националните вонредни мерки за превенција на болсети“, кажа советникот на Мун за национална безбедност Сух Хун, повикувајќи се на писмото.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

И Софија ќе треба да не го запре македонското евро-интегрирање на самиот почеток – и Скопје ќе треба да ја декомунистицира и дејугословенизира својата елита, економија, политика, наратива и медиуми.

повеќе

На светов има доволно место и за доктори и за антиваксери, и за научници и инженери, како и за рамноземјани и антимаскери, за уметници и фантазери.

повеќе

Во Законот кој е предложен воопшто не се цели на попишување на реалната состојба на терен, туку се цели на попишување на сите возможни граѓани заради задоволување на политички цели.

повеќе