Ким Џонг Ун прогласи победа над короната

Севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун прогласи „очигледна победа" во борбата против ковид-19 во средата, откако и самиот бил болен, откри неговата сестра, обвинувајќи го Сеул за ширење на епидемијата во нејзината земја. На состанокот со здравствените работници и научниците, Ким Џонг Ун го изрази своето задоволство од „победата (...) во борбата против злобната пандемска болест", објави државната новинска агенција КЦНА.

Фото: ЕПА

„Победата на нашиот народ е историски настан кој уште еднаш на светот му ја покажа големината на нашата земја, неверојатната отпорност на нашиот народ и убавите национални обичаи со кои се гордееме“, додаде севернокорејскиот лидер, пренесува агенцијата.

Северна Кореја, која беше меѓу првите земји што ги затвори своите граници во јануари 2020 година, откако вирусот се појави во соседна Кина, го пријави својот прв случај на коронавирус на 12 мај, а Ким Џонг Ун лично го надгледуваше сузбивањето на епидемијата. Од 29 јули, Пјонгјанг нема пријавено нови случаи.

Кон крајот на април, Северна Кореја имаше скоро 4,8 милиони „случаи на треска“, терминот што го користеа за болеста, и само 74 смртни случаи, што официјално е стапка на смртност од 0,002 отсто, според КЦНА.

Управувањето со епидемијата е „чудо досега невидено во светската историја на јавното здравство“, се пофали Ким, што беше проследено со громогласен аплауз, пренесува агенцијата. Влијателната сестра на Ким откри дека лидерот и самиот бил болен, додаде друга новинска агенција.

Лидерот „имаше висока температура додека беше во карантин, но ниту на момент не легна бидејќи размислуваше за оние за кои е одговорен“, рече Ким Јо Јонг.

Ова е прв пат Пјонгјанг да признае дека Ким Џонг Ун, чие здравје е тема на најголем интерес на набљудувачите, бил заразен со коронавирус. Во исто време, Ким Јо Јонг ја обвини Јужна Кореја дека е одговорна за епидемијата во нејзината земја, која, како што рече, ја шири со пропагандни летоци и балони.

Таа го нарече тоа „злосторство против човештвото“ и му се закани на Сеул со „силна одмазда“. Јужна Кореја ги отфрли „неоснованите обвинувања“ и „навредливите и заканувачки коментари“ од Пјонгјанг.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Доколку чувствуваме дека нашиот труд ќе биде награден со успех, ќе ѝ приоѓаме на околината со апетит, доверба и храброст.

повеќе

Од општи формулации кон конкретни разговори.

повеќе

„Вчерашниот ден измина, утрешниот допрва доаѓа, го имаме само денес - да започнеме“.

повеќе