Ким Џонг Ун прогласи „блескав успех“ на Северна Кореја со коронавирусот

Водачот на Северна Кореја, Ким Џонг Ун, го истакна „блескавиот успех“ на неговата земја во справувањето со ковид-19, пренесе државната новинска агенција КЦНА.

Фото: ЕПА

Водачот на Северна Кореја, Ким Џонг Ун, на состанокот на Политбирото на владејачката Работничка партија рече дека Северна Кореја го спречила коронавирусот да влезе во земјата, јави државната новинска агенција КЦНА.

„Темелно го спречивме упадот на злокобниот вирус и задржавме стабилна епидемиолошка состојба и покрај глобалната здравствена криза, што претставува блескав успех“, рече Ким Џонг Ун.

Тој предупреди и ги повика луѓето од Северна Кореја да останат „исклучително претпазливи“, се вели во соопштението на КЦНА.

Состанокот на Политбирото доаѓа во време кога многу земји ги олеснуваат блокадите, и покрај тоа што светот брзо се движи кон мрачните броеви од 10 милиони потврдени, а половина милион починати од коронавирусот.

Северна Кореја повторно ги отвори училиштата, но ја задржа забраната за јавни собири и наложи носење маски на јавни места, изјави во средата претставник на Светската здравствена организација (СЗО).

Иако државата сè уште нема потврдено ниеден случај на зараза, за што експертите велат дека е малку веројатно, нејзиното Министерство за здравство објави дека досега биле тестирани 922 лица - сите негативни. Стотици луѓе, претежно оние вработени во пристаништата или на границите, редовно се ставаат во карантин.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

За преродба требаат само три чекора: промена на изборниот модел, укинување на мега и квази државниот апарат заедно со сите паразити во него и економски план за ревитализација на земјата.

повеќе

Нашиот капацитет за справување со општи кризи е ограничен. Дали здравството е немоќно, или ние не можеме да се прилагодиме на промени?

повеќе

 За базата во Ново Село, Бугарија не добива ни долар за закупнина, а отворени се и бројни прашања за животната средина.

повеќе