Ким Џонг Ун призна дека во Северна Кореја владее недостиг на храна

Севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун изјави дека состојбата со храна во изолираната комунистичка земја станува напната поради пандемијата на коронавирусот и минатогодишниот тајфун, објави државната новинска агенција КЦНА.

Фото: ЕПА

Ким на пленарната седница на Централниот комитет на Работничката партија, која започна вчера, ги повика службените лица да ја решат ситуацијата со храна за луѓето, која сега станува напната, пренесува КЦНА.

Севернокорејскиот лидер рече дека ова прашање е делумно предизвикано од неуспехот на земјоделскиот сектор да го исполни планот за производство на житните култури поради штетите предизвикани од тајфун минатата година. Ким исто така им порача на Севернокорејците да се подготват за проширување на мерките против коронавирус.

Тој тврди дека економијата на земјата покажала подобрување како целина во првите шест месеци од оваа година, дека вкупното индустриско производство забележало пораст од 25% во однос на претходната година.

Покрај низата природни катастрофи, вклучувајќи поплави и штети од бури и пандемијата, изолираната земја исто така е подложена и на остри меѓународни санкции поради својата програма за нуклеарно оружје.

Северна Кореја брзо ги затвори своите граници кога коронавирусот почна да се шири, што силно влијае на надворешната трговија со Кина, која се смета за спасоносна за земјата.

Во март, експертот за човекови права на ООН, Томас Охеа Кинтана, кој ја следи состојбата во Северна Кореја, пред Советот за човекови права (ХРЦ) изјаву дека влијанието на пандемијата придонесува за смртни случаи од глад. Дури и пред пандемијата, повеќе од 40 проценти од населението немало сигурно снабдување со храна, рече Кинтана во претходниот извештај.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Србија продолжува да го негира минатото, при што нејзините политички елити ја користат резолуцијата за да ѝ се спротивстават на Црна Гора и истовремено се надеваат дека овој потег ќе им донесе поголема популарност дома.

повеќе

„И, ако милееме ние за својата Татковина, ако во нас има барем капка македонска крв, ако во нас останала искра благороден патриотизам, овојпат треба да се впрегнеме, за да понесеме дел од тежината на едно дело и од жестокото величие на една епоха“.

повеќе

(Овој труд беше презентиран на конференцијата „Геноцидот и неговата превенција во дигиталното доба: предизвици на 21 век“, 19- 23 јули, Барселона, Шпанија.)

повеќе