Севернокорејскиот лидер

Ким Џонг Ун примил кинеска вакцина против коронавирусот

Според информации од разузнавачки извори, Ким Џонг Ун и неговото семејство се вакцинирале против коронавирусот, и тоа со кинеска вакцина. Неа наводно ја добиле и неколку високи севернокорејски државни функционери.

EPA-EFE

Севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун и неговото семејство се вакцинирани во последните неколку недели со кинеска експериментална вакцина против коронавирусот, објави денес американски аналитичар повикувајќи се на два неименувани јапонски разузнавачки извори.

Хари Казијанис, експерт за Северна Кореја на истражувачкиот Центар за национални интереси во Вашингтон, тврди дека, покрај семејството на Ким, кинеската вакцина ја добиле и повеќе севернокорејски државни функционери.

Не се знае која фармацевтска компанија му ја овозможила вакцината на севернокорејскиот лидер, ниту дали таа е докажано сигурна, напоменува Казијанис.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Богатите држави мораат веднаш да донираат вакцини против ковид-19 на загрозените држави. 

повеќе

Можеби ни треба регистар на погрешни перцепции на граѓаните за криминалот и корупцијата во државата.

повеќе

Младите бараат подобар живот надвор од државата, бидејќи доаѓаат до заклучок дека приватните компании и странските организации им пружаат поголема поддршка и повеќе ги вреднуваат отколку сопствената држава.

повеќе