Ким Џонг Ун претстави нова балистичка ракета: „Ова е слика на нашата апсолутна моќ“ (ВИДЕО)

Северна Кореја организираше воена парада во центарот на Пјонгјанг во чест на крајот на осумдневниот конгрес на владејачката Работничка партија, на која претстави нови балистички ракети, објави официјалната севернокорејска агенција КЦНА.

Фото: ЕПА

На настанот присуствуваше севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун, кој на конгресот беше назначен за генерален секретар на партијата и најави дека ќе го зголеми нуклеарниот арсенал на земјата, пренесува Франс Прес.

„Величествените елитни единици и непобедливите воздухопловни сили на Републиката кои гордо ќе чекорот на плоштадот Ким Ил Сунг се слика на нашата апсолутна моќ“, рече министерот за одбрана Ким Џонг Гван пред парадата, пренесува КЦНА.

Минатиот пат кога во октомври 2020 година се одржа воена парада во Северна Кореја, се славеше 75-годишнината од основањето на Работничката партија, тогаш беа претставени разновидни оружја, вклучително и интерконтинентални балистички ракети, а Ким одржа говор.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Реакцијата на семејството и блиските во однос на пандемијата е пресуден фактор кој влијае на емотивната состојба, размислувањата и однесувањето на младите.

повеќе

Можеби по нас ќе дојдат некои нови клинци што прегрнати ќе го слушаат мртвиот Џоле и ќе го разберат подобро отколку што го разбравме ние на кои со години жив на глуви уши ни пееше за љубовта.

повеќе

За државата Македонија, Македонците се посебен народ со повеќевековна традиција, кои зборуваат, творат, се радуваат и тагуваат на македонски јазик, веќе со векови, во и надвор од територијата на нашата држава.

повеќе