Ким Џонг Ун повторно се појави во јавност со сестра му, посетија град погоден од поплава (ВИДЕО)

Севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун ги надгледува напорите за обнова на поплавено место, во рамки на најновата посета на областите оштетени во неодамнешен тајфун, а неговата сестра повторно се појави во јавноста, за првпат по два месеци.

EPA-EFE

Ким ја пофали брзината на обновата во округот Кимхуа на југоистокот на земјата за време на посетата на која присуствуваше неговата сестра Ким Јо Џонг, објави агенцијата КЦНА.

Што се однесува до бурите и природните непогоди, тој кажа: „Оваа година имаше многу непредвидени тешкотии“.

Помладата сестра на Ким, за која се смета дека фактички втора во командната структура, е во триесеттите години и е единствена блиска роднина на Ким со истакната улога во политиката. Таа е една од главните луѓе во односите со Јужна Кореја.

Летните невремиња и поплавите жестоко ја погодија Северна Кореја уништувајќи илјадници домови и зголемувајќи го стравот од хронишен недостиг на храна во земјата.

Фалејчи ја обновата Ким кажа дека чувствува „жалење“ што куќите во тој регион се со „монотон дизајн“. Државните медиуми претходно куќите во низа ги нарекоа модел на „социјалистичката земја од бајките“ рекламирајќи ги режимските напори за обнова откако илјадници домови беа уништени во поплавите.

Коментарите на Ким се најновата официјална критика во строго контролираната земја, каде социјалистичката глорификација е норма.

Во изминатите недели државните медиуми јавија дека Пјонгјанг открил „грешки во напорите против ковид-19, а Ким понуди ретко извинување поради убиството на јужнокорејски функционер во водите на западниот брег на полуостровот.

Денес весникот на владејачката партија Родонг шинмун ја прикажа турата на Ким и објави фотографии од куќите.

Ким кажа дека, иако брзината е важна, сака „да бидат пред сѐ уметнички согласни со околните предели и разноликоста“.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Албанскaта политичка и научна јавност имаат објективен пристап и разбирање дека прашањата што се на масата за разговори со Бугарија не се воопшто лесни за решавање.

повеќе

Половични регионални форми на соработка и здружување се опасни за Македонија.

повеќе

Време е да се фокусираме врз суштинските проблеми. Време е да создадеме вистински ’општествен договор‘ за владеење на правото и на човековите права како главни столбови на европските вредности

повеќе