Ким Џонг Ун погуби петмина свои функционери поради Трамп

Северна Кореја погуби пет министри за надворешни работи кои учествуваа во подготовките за неуспешниот состанок на Ким Џонг Ун и Доналд Трамп во Ханој во февруари.

Специјалниот севернокорејски претставник за САД Ким Хиок-чол и уште други четири мажи беа убиени. Како што објави Ројтерс, шефот на организацискиот одбор на самитот Ким Јонг-чол е испратен во работен логор и на „идеолошко образование“. Погубените петмина беа обвинети за шпионажа во корист на САД.

Средбата на двајцата лидери во Ханој во Виетнам се најавуваше како голем исчекор во нуклеарното разоружување на Северна Кореја, но првиот ден беше одеднаш прекината поради целосното разидување во ставовите меѓу двете страни.

„Против Ким Хиок-чол е покрената истрага, по што е погубен на воениот аеродром Мирим, а истото им се случи и на четворицата претставници од Министерството за надворешни работи. Тие беа убиени во март“, изјави неименуван извор за јужнокорејскиот весник Чосун Илбо.

Личната преведувачка на Ким, Шин Хју-Јонг, која беше со него во Ханој, исто така заврши во логор. Наводно „круцијално погрешила при преведувањето“ и така му наштети на авторитетот на севернокорејскиот лидер.

Ким е незадоволен и од улогата на својата сестра Ким Јо Јонг, која заедно со него допатува во Ханој како негова лична асистентка. Таа засега не извршува никакви должности, и засега нема информации дали нејзиниот живот е загрозен.

Ким им постави краен рок на САД до крајот на годината да покажат поголема флексибилност откако нивниот неуспешен втор самит во Ханој не резултираше со договор за запирање на нуклеарната програма на Северна Кореја во замена за олеснување на санкциите. Трамп и американскиот државен секретар Мајк Помпео го игнорираат тој рок повикувајќи го Ким да го исполни своето ветување за денуклеаризација.

Заменичката на севернокорејскиот министер за надворешни работи Чое Сон-Хуи го издвои интервјуто на Помпео за Си-би-ес во кое вели дека САД можеби треба да го „променат патот“ доколку преговорите пропаднат.

„Промена на патот не е само привилегија на САД, но тоа може да биде и наш чекор доколку така одлучиме“, изјави Чое, според севернокорејската агенција КЦНА.

Трамп пред пет дена на Твитер објави дека се уште верува во Ким, и покрај застојот во преговорите за нуклеарната програма и неодамнешните ракетни тестови на Пјонгјанг.

„Северна Кореја лансираше неколку помали парчиња оружје, што ги вознемири некои во мојата земја и на други места, но не и мене“, напиша Трамп за време на посетата во Јапонија. „Му верувам на претседателот Ким дека ќе го исполни ветувањето што ми го даде“, додаде тој.

(Реакција на колумната на Наум Кајчев, „За Гологанови и нашата заедничка историја“, 15 септември 2019, МКД.мк)

повеќе

Деликатна јазична авантура е ако се излезе од основното и утврдено значење на зборовите и се прејде во сферата на жаргонот и колоквијалноста.

повеќе

Плаќањето на вработените на час наместо месечно помага да се зголеми нивната плата со тоа што ќе се вреднува работното време поефикасно.

повеќе