По големите поплави во земјата

Ким Џонг Ун одбил меѓународна помош

Лидерот на Северна Кореја Ким Џонг Ун дал наредба да се отфрлат сите понуди за меѓународна помош по големите поплави во земјата, истакнувајќи дека тоа може да г изложи луѓето на коронавирусот.

EPA-EFE

Севернокорејскиот лидер на состанок со високи функционери кажал дека граничната контрола треба да се заостри, пренесува Би-би-си повикувајќи се на севернокорејските државни медиуми.

Пјонгјанг тврди дека нема потврдени случаи на ковид-19 во земјата, но светските сдарвствени експерти сметаат дека тоа е малку веројатно.

Денес во градот Кесонг беше укинат карантинот поради сомнеж во случај на коронавирусот. Не е соопштено дали сомнителниот случај бил ковид-19.

Земјата во последните неколку недели ја погодија силни монсунски дождови.

Над 20 луѓе загинаа, а 16.000 домови се уништени.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Веќе четврта деценија штом општеството се фокусира на македонско-бугарските или македонско-албанските односи, на улиците излегуваат навивачките групи со навредливиот репертоар. Спонтано? Ајде, Ве молам.

повеќе

Нивото на Советот на Центар никако да порасне и да покаже демократски капацитети и зрелост очекувана од граѓаните

повеќе

Historia magistra vitae est (Историјата е учителка на животот). Оваа латинска изрека ќе ги објаснува односите меѓу народите и нациите додека постои светот.

повеќе