Ким Џонг Ун: Нема повеќе да мораме да водиме војни, нуклеарното оружје ни дава безбедност

Лидерот на Северна Кореја Ким Џонг Ун изјави денес дека верува дека неговата земја повеќе нема да мора да води војни бидејќи нивниот нуклеарен арсенал им ја гарантира безбедноста, пренесуваат агенциите.

EPA-EFE

„Со нашите сигурни и ефикасни самоодобранбени нуклеарни сили повеќе нема да има војна на оваа планета и безбедноста на наша земја ќе биде засекогаш обезбедена“, кажа Ким во својот говор, како што пренесе Централната новинска агенција на Северна Кореја КЦНА.

Зборувајќи пред група воени ветерани на 67-годишнината од завршувањето на Корејската војна одржана вчера, Ким кажа дека нуклеарното оружје ќе ѝ помогне на Северна Кореја да се одбрани „против кои било големи притисоци и воени закани на империјалистите и нејпријателските сили“.

Северна Кореја со години зборува за своето нуклеарно вооружување за потребите на одбраната или обидите за инвазија. А разговорите за нуклеарно разоружување меѓу САД и Северна Кореја не се далеку одминати иако Ким во јуни 2018 година се сретна со американскиот претседател Доналд Трамп.

Ким Јо Џонг, сестрата на лидерот на Северна Кореја и, како што се верува, втора најмоќна личност на оваа држава, претходно месецов изјави дека САД ќе мора да развијат нова преговарачка стратегија ако сакаат нова средба на лидерите на двете земји.

„Би сакале да објасниме дека ова не мора да значи дека денуклеаризација не е возможна. Она што мислам е дека во овој момент не е возможна. Ги потсетувам САД дека денуклеаризација на Корејскиот Полуостров може да биде остварена само ако се случат големи промени од двете страни“, кажа Ким.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Во Македонија само 1% од младите професионално се занимаваат со спорт, 7% спортуваат аматерски, додека 42% спортуваат рекреативно или практикуваат физичка активност во вид на хоби и рекреација.

повеќе

Нашето законодавство дава поголема важност на едно парче хартија отколку на вистинската состојба на терен.

повеќе

Еве што знаат мнозинството Македонци и Бугари родени до 1980 година.

повеќе