Ким Џонг Ун навести пружање рака на помирување кон светот

Севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун истакна денес дека е неопходно неговата земја значително да ги подобри врските со надворешниот свет.

EPA-EFE

Ким во обраќањето на третиот ден на Конгресот на својата владејачка Работничка партија зборуваше за Јужна Кореја, но не ги прецизираше чекорите кои сака да ги преземе.

„Општата ориентација и политичката позиција на нашата партија е сеопфатно ширење и развивање на надворешните односи“, кажа Ким, а пренесува државната агенција КЦНА.

Тој претходно истакна дека земјата не ги достигната саканите економски цели во последните пет години.

Ким, кој го наследи на власта својот татко Ким Џонг Ил на крајот на 2011 година, денес полни 37 години, пренесува Ројтерс.

Тој истакна дека е потребно да се преобликува односот со Јужна Кореја.

Аналитичарите веруваат дека Северна Кореја ќе ги обнови односите со Јужна Кореја пред сè за помирување, а потоа и да навести дека сака разговори со новата американска администрација на Џо Бајден.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Иако новогодишните честитки во јануари оваа година, беа најчесто за здравје и со желба за „старото нормално“, првите три месеци од 2021 година не навестуваат крупни промени околу тоа кој ќе биде повторно најизговорениот збор и во периодот кој претстои. 

повеќе

Програмата за вакцинација во Бугарија може исклучиво да се окарактеризира како фијаско. 

повеќе