Ким Џонг Ун кажа дека Северна Кореја се соочува со најлошата ситуација во историјата

Севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун ги повика функционерите на владејачката партија на „макотрпен марш“, објавија државните медиуми поврзувајќи ја актуелната економска криза со периодот на глад и катастрофи во 1990-тите.

EPA-EFE

Ким го употреби изразот „макотрпен марш“ (познат и како марш на маката), а го употребувале функционерите на собирањето на граѓаните за време на големиот глад во кој умреа 3 милиони Севернокорејци по распадот на Советскиот Сојуз, кој наголемо им помагаше на комунистичките основачи на Народна Република Кореја.

Во периодот на гладувањето од деведесеттите често се зборува како за историски настан кој е последица на немањето поддршка од СССР, природните катастрофи и неуспехот на планската економија, но очигледната споредба на Ким со актуелните проблеми доаѓа откако тој неделава кажа дека земјата се соочува со „најлошата ситуација во историјата“.

Тој коментар го даде во четвртокот во говорот на затворањето на конференцијата за пониските функционери на Комунистичката работничка партија, кога ги повика да бидат проактивни и одговорни во спроведувањето на планот на новата петгодишна економска активност во земјата, усвоен на конгресот на партијата во јануари.

„Ги повикувам организациите на Корејската работничка партија на сите нивоа, да спроведат уште еден „макотрпен марш“ за нашиот народ барем малку да го ослободиме од тешкотиите“, кажа Ким, според државната новинска агенција КЦНА.

Изразот „макотрпен марш“ е метафора на владините функционери во кампањата почната во 1993 година кога ги повикаа сите граѓани на Северна Кореја да се сетат на маршот на основачот на комунистичката држава Ким Ил Сунг кој командувал со мала група герилци во војната против јапонската војска.

„Партијата мора да ја награди лојалноста на народот и да му стане вистински слуга“, истакна внукот на Сунг, сегашниот севернокорејски лидер.

Северна Кореја не јави за ниту еден потврден случај на ковид-19, но американските и јужнокорејските власти се сомневаат дека изолираната земја успеала да ја избегне болеста.

Земјата ги прекина речиси сите прекугранични патувања, ја ограничи трговијата и воведе други ограничувања за да спречи избивање епидемија.

Тие мерки, во комбинација со меѓународните санкции кои се воведени против севернокорејското нуклеарно оружје и програмата за балистички ракети, извршија притисок врз економијата на земјата и предизвикуваат загриженост за хуманитарна криза.

Независната стручна комисија за надзор на санкциите на Обединетите нации неодамна извести дека меѓународни хуманитарни групи се обидуваат да стигнат до ранливите жени и деца во Северна Кореја, која е затворена поради пандемијата, оставајќи потенцијално стотици илјади луѓе без пристап до храна.

Севернокорејското министерство за јавно здравје во четвртокот негираше дека има деца кои патат од неухранетост и дека целта на таквите извештаи е да се наштети на имиџот на земјата.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Кусокот во глобалното производство на вакцини против КОВИД-19 може да се надомести доколку на производителите ширум светот им се даде пристап до потребната технологија и знаење. 

повеќе

Европа е решена да се ослободи од меката моќ на Москва (енергенсите), а и на дипломатско поле сака да и стави до знаење дека и за неа ќе има „црвени линии“. 

повеќе

Незабележливите разлики во нашето однесување кои се дел од психолошката манипулација на социјалните мрежи се предизвикани од надзорниот капитализам и ја нарушуваат демократската култура и личната автономија.

повеќе