Ким Џонг Ун ја отфрли американската понуда за дијалог

Севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун ја отфрли понудата на Соединетите Американски Држави за дијалог, обвинувајќи го претседателот Џозеф Бајден дека ги продолжува „непријателските“ активности на своите претходници, што Вашингтон го демантираше.

Фото: ЕПА

„Нашата политика е насочена кон постепен и практичен пристап кон сериозна и трајна дипломатија со Северна Кореја“, рече неименуван портпарол на Стејт департментот во средата навечер, наведувајќи дека САД „немаат непријателски намери“ кон Пјонгјанг.

Тој додаде дека САД се подготвени да се сретнат со севернокорејските претставници без предуслови.

Реагирајќи на изјавата на лидерот на Северна Кореја, Ким Џонг Ун, портпаролот изрази надеж дека Пјонгјанг ќе ја прифати понудата на Вашингтон.

Официјалната севернокорејска агенција КЦНА објави дека Ким Џонг Ун ја оценил американската понуда за дијалог како фасада зад која се кријат непријателски дејствија, наведувајќи дека тоа е продолжение на непријателската политика на претходните администрации.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Првичната реакција на голем број држави кога се појави новата варијанта на ковид-19 вирусот за забрана на патувањето од Јужна Африка и од соседните држави, иако истиот веќе се има проширено, е очајна мерка. Всушност, државите можеби се и подобро подготвени отколку што мислат за што и да следи.

повеќе

Со неколку геополитички шаховски потези, Кина докажа дека не секогаш оружјето и војните се единствениот начин за глобална доминација.

повеќе

Македонија може да ги задоволи потребите од електрична енергија ако на површина од 160 км2 постави соларни панели, а инвестицијата за тоа е 2,4 милијарди евра.

повеќе