„Ви ги упатувам своите честитки, до Вас и до Вашиот народ, по повод националната прослава во вашата земја“, напиша Ким во пораката.
Лондон и Пјонгјанг воспоставија дипломатски односи во 2000 година. Двете земји ги задржаа амбасадите и покрај влошените односи меѓу Северна Кореја и западните земји поради нејзината нуклеарна програма. Во моментов, британската амбасада во Пјонгјанг е затворена поради драконските мерки во Северна Кореја поврзани со ковид-19.
Минатата година официјалната новинска агенција КЦНА објави дека кралицата Елизабета Втора му ја честиташе на Ким Џонг Ун годишнината од основањето на Северна Кореја на 9 септември.