Ким Џонг Ун ѝ го честиташе јубилејот на британската кралица Елизабета Втора

Севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун ѝ ги честиташе на кралицата Елизабета Втора нејзините 70 години на престолот, соопшти денеска Министерството за надворешни работи во Пјонгјанг. Велика Британија вчера започна четиридневни забави и паради за да ги прослави рекордните 70 години на британскиот престол на кралицата Елизабета Втора.

Фото: ЕПА

„Ви ги упатувам своите честитки, до Вас и до Вашиот народ, по повод националната прослава во вашата земја“, напиша Ким во пораката.

Лондон и Пјонгјанг воспоставија дипломатски односи во 2000 година. Двете земји ги задржаа амбасадите и покрај влошените односи меѓу Северна Кореја и западните земји поради нејзината нуклеарна програма. Во моментов, британската амбасада во Пјонгјанг е затворена поради драконските мерки во Северна Кореја поврзани со ковид-19.

Минатата година официјалната новинска агенција КЦНА објави дека кралицата Елизабета Втора му ја честиташе на Ким Џонг Ун годишнината од основањето на Северна Кореја на 9 септември.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Во Македонија не постои никаква забрана за конверзиона терапија, а лиценцираните психолози што може да се јават како спроведувачи или наведувачи на ваква „терапија“, за жал, не сносат никакви последици.

повеќе

Доколку чувствуваме дека нашиот труд ќе биде награден со успех, ќе ѝ приоѓаме на околината со апетит, доверба и храброст.

повеќе

Од општи формулации кон конкретни разговори.

повеќе