Му испрати две писма за еден месец

Ким Џонг Ун го покани Доналд Трамп да го посети Пјонгјанг

Лидерот на Северна Кореја Ким Џонг Ун го повика американскиот претседател Доналд Трамп да го посети Пјонгјанг во писмо испратено во август, објави јужнокорејски весник, повикувајќи се на дипломатски извори, јави Гардијан.

Писмото, второ кое Трамп го доби од Ким минатиот месец, додека преговорите на двете земји за денуклеаризација на Северна Кореја се во застој, е испратено пред минатонеделните тестирање на ракети со краток дострел од Северна Кореја.

Во второто писмо, испратено до Трамп во третата недела од август, Ким напишал дека е подготвен за нов самит со Трамп, изјави еден извор за весникот Џунганг Илбо.

Белата куќа, Стејт департментот и севернокорејската мисија при ОН не одговорија на прашањата за да ја потврдат информацијата.

Трамп и Ким се состанаа трипати од јуни минатата година за да разговараат за начините за решавање на кризата поврзана со севернокорејската ракетна и нуклеарна програма, но не е постигнат значителен напредок.

Тие последен пат се состанаа во демилитаризираната зона меѓу двете Кореи во јуни и се согласија да се обноват преговорите на ниво на работни групи кои се во застој од вториот неуспешен самит на двајцата лидери во февруари во Виетнам.

Сѐ додека Македонија ја претставуваат „политички најподобните" ќе тонеме длабоко и уште повеќе ќе се раслојуваме.

повеќе

По определувањето на мерката ефективен притвор, притворениот раководен функционер не може да издава полноважни правни акти, меѓу другото, и поради фактот што го нема службениот печат.

повеќе

Вината за недобивањето на датум за преговори треба да ја барате во вас и вашите соработници и коалициски партнери.

повеќе