Ким Џонг Ун ги нарече САД најголемиот непријател воочи инаугурацијата на Бајден

Севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун повика на развој на понапредно нуклеарно оружје и рече дека САД се „нашиот најголем непријател", објавија државните медиуми, што претставува силен предизвик за новоизбраниот американски претседател Џо Бајден само неколку дена пред да ја преземе функцијата.

Фото: ЕПА

„Непријателската политика на Вашингтон нема да се промени без оглед кој ја презема Белата куќа, но откажувањето од таа политика ќе биде клучно за севернокорејско-американските односи“, рече Ким, според државната новинска агенција КЦНА.

„Нашите надворешно-политички активности треба да се фокусираат на совладување на САД, нашиот најголем непријател и главната пречка за нашиот иновативен развој“, рече Ким за време на реткиот партиски конгрес во Пјонгјанг.

Северна Кореја не би го „злоупотребила“ своето нуклеарно оружје, рече Ким, но земјата го проширува својот нуклеарен арсенал, вклучително и „превентивни“ и „одмазднички“ ударни капацитети и боеви глави од различна големина.

Ким повика на развој на опрема што вклучува хиперсонично оружје, интерконтинентални балистички ракети, шпионски сателити и беспилотни летала.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Можеби ни треба регистар на погрешни перцепции на граѓаните за криминалот и корупцијата во државата.

повеќе

Младите бараат подобар живот надвор од државата, бидејќи доаѓаат до заклучок дека приватните компании и странските организации им пружаат поголема поддршка и повеќе ги вреднуваат отколку сопствената држава.

повеќе

Во САД и некои други земји, припадниците на загрозените расни и етнички малцинства имаат пократок животен век од просечниот, и поради тоа не се доволно застапени меѓу оние за кои најмногу се очекува дека ќе починат од ковид-19.

повеќе