Ким Џонг Ун е именуван и за секретар на Работничката партија во Северна Кореја

Севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун ја консолидираше својата позиција на врвот на владејачката Работничка партија и е назначен за генерален секретар на партијата, објавија во понеделникот државните медиуми.

Фото: ЕПА

Новата титула му е доделена на 8 партиски конгрес во главниот град Пјонгјанг. Гласањето, сметано за формалност, е одржано во неделата, по блага ревизија на партиските правила.

Ким Џонг Ун е трет во династијата владетели на земјата по неговиот татко Ким Џонг Ил и дедото Ким Ил Сунг кои исто така ја имаа титулата генерален секретар на партијата.

По смртта на неговиот татко кон крајот на 2011 година, Ким Џонг Ун наскоро беше прогласен за врховен лидер на севернокорејската војска, партија и држава.

На седмиот конгрес на партијата пред пет години, тој е избран за претседател на партијата.

Северна Кореја останува изолирана поради своите нуклеарни амбиции.

Во средата, на вториот ден од конгресот на владејачката Работничка партија, Ким Џонг Ун рече дека сака значително да го прошири воениот потенцијал на земјата, и покрај меѓународните санкции и значителните економски проблеми.

На годинешниот конгрес, учесниците, наводно, избрале и нови членови на централниот комитет на партијата, чиј член е и Ким.

Неговиот избор за генерален секретар ја одразува „едногласната волја и желба“ на сите членови на партијата, граѓаните и припадниците на Народната армија, соопшти партијата.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Во САД и некои други земји, припадниците на загрозените расни и етнички малцинства имаат пократок животен век од просечниот, и поради тоа не се доволно застапени меѓу оние за кои најмногу се очекува дека ќе починат од ковид-19.

повеќе

Предвидувањата за тоа дека ќе дојде денот кога Бугарија ќе ги искористи пасошите кои Софија така лесно им ги даваше на македонските државјани почнуваат да се остваруваат.

повеќе

Реакцијата на семејството и блиските во однос на пандемијата е пресуден фактор кој влијае на емотивната состојба, размислувањата и однесувањето на младите.

повеќе