Ким Џонг Ун драстично послаб, граѓаните загрижени: Плачевме кога го видовме (ФОТО+ВИДЕО)

Севернокорејската телевизија емитуваше снимка од граѓанин на Пјонгјанг кој изразува загриженост поради ненадејното ослабување на лидерот Ким Џонг Ун.

EPA-EFE

Ова претставува потег без преседан во Северна Кореја, земјата во која здравјето на врховниот лидер е забранета тема. Главниот телевизиски канал во земјата покажа и снимки на кои се гледа Ким послаб отколку во последните години, пренесува Би-би-си.

Претходно кружеа гласини за здравјето на севернокорејскиот лидер, но ретко кога добија коментар од власта.

Две неодамнешни снимки, прикажани на државната телевизија, Корејската централна телевизија, наводно меѓу граѓаните предизвикале загриженост за здравјето на врховниот лидер.

Една снимка го покажува пристигнувањето на Ким на концерт на која се гледа дека севернокорејскиот лидер доживеал драматично губење на килограмите.

Втората и понеобична снимка покажува неименуван граѓанин на Пјонгјанг кој во петокот на главните вести кажал: „Сите многу се натаживме кога го видовме така ослабен. Сите почнаа да плачат“.

Здравјето на врховниот лидер предизвикува загриженост уште откако ја презема должноста од својот покоен татко Ким Џонг Ил во декември 2011. Од тогаш неговата тежина константно растеше.

Се смета дека Ким Џонг Ун има 37 години, познато е и дека е страстен пушач, а наводно и пие големо количество алкохол.

Неговото дебелеење низ години поттикна нагаѓања дека можеби пати од дијабетес. Но бидејќи за здравствената состојба на врховниот лидер никогаш не се зборува на државните медиуми, овие теории никогаш не се потврдија.

Ким Џонг Ун нема јасен наследник и негова смрт или долготрајна неспособност може да доведат до вакум во врвот на државата која има нуклеарно оружје, што би довело до дополнителна нестабилност во источна Азија.

Ако неговата сестра Ким Јо Џонг биде прогласена за неприкладна за преземање на најмоќната позиција во земјата, моќта за првпат може да се префрли надвор од семејството Ким.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Под менторство на овој истраен истражувач, научник и педагог, се развивале и се формирале многумина трудбеници и афирматори на македонското културно наследство.

повеќе

Ковидот нема да нѐ победи. Да зборуваме за раст и развој, за подобар и забрзан раст, за паметен и зелен развој.

повеќе

Размислуваме како можеме да ја заштедиме и заштитиме водата, но само додека немаме вода!

повеќе