Ким Џонг Ун: Целта е да се создаде најсилната нуклеарна сила во светот

Севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун изјави синоќа дека крајната цел на неговата земја е да ја има најмоќната нуклеарна сила на светот.

Фото: ЕПА

Ким го објави ова додека промовираше десетици функционери и научници вклучени во неодамнешното лансирање на најголемата севернокорејска балистичка ракета, објавија севернокорејските државни медиуми, пренесе Ројтерс.

„Градењето нуклеарна енергија служи за сигурна заштита на достоинството и суверенитетот на државата и народот, а нејзината крајна цел е да ја поседува најмоќната стратешка сила во светот, апсолутна моќ без преседан во овој век“, изјави Ким во наредбата со која беа унапредени офицерите.

Северна Кореја минатиот петок тестираше интерконтинентална балистичка ракета Хвасонг-17, објави државната новинска агенција КЦНА.

Ракетата достигна височина од 6.000 километри, покривајќи дострел од 1.000 километри по својата нагорна траекторија и падна на околу 200 километри западно од островот Ошима во северната префектура Хокаидо, соопштија јапонските власти.

Ким го нарече Хвасонг-17 најмоќното стратешко оружје во светот и рече дека тоа ја покажува одлучноста и способноста на Северна Кореја на крајот да ја изгради најсилната војска во светот.

„Севернокорејските научници направија прекрасен чекор напред во развојот на технологијата за монтирање нуклеарни боеви глави на балистички ракети“, рече Ким, без да наведе повеќе детали.

 

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Калоѓера не може да премолчи, не може да замиже пред историската вистина на Македонија, па затоа во својот живот се определил да македонствува.

повеќе

Слушањето како способност да го фокусираме вниманието на аудитивните дразби е важен аспект на нашиот живот и значително влијае на неговиот квалитет во сите сегменти.

повеќе

„Ќе дојде ден, кога пазарите отворени за трговија и размена на идеи, ќе бидат единствените борбени полиња“ - Виктор Иго

повеќе