Киев: Русија почна нова офанзива во Доњецк

Руските сили почнале нова голема офанзива во регионот на Доњецк на истокот на Украина, тврди генералштабот на украинската војска.

EPA-EFE

„Непријателот спроведува офанзивна операција насочена кон Бахмут и Авдеевка во областа на Доњецк“, се наведува во извештајот. „Целта на притисокот е позиционирање на руските сили за напад и ширење на руската контрола западно од градот Доњецк“.

Соледар и Бахмут се дел од одбранбената линија источно од големите градови Словјанск и Краматорск, во кои пред војната живееја над половина милион луѓе. Ова е последниот регион кој е под контрола на украинските сили во поширокиот регион Донбас.

Во извештајот на украинскиот генералштаб се наведува дека офанзивата кај Бахмут била неуспешна и дека борбите продолжуваат на влезовите на Авдеевка, северно од Доњецк. Извештајот не е независно потврден.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Здруженост, сплотеност и поврзаност на луѓе, друштва, организации и институции кон една заедничка цел или поради заедничка причина. 

повеќе

Неколку години при здрав разум сакаат да ни наметнат и да нѐ убедат дека со соседна Бугарија сме имале заедничка историја. 

повеќе

Деновиве во Комората пристигна нацрт-концептот за даночни реформи, кој треба да претставува основа за јавна расправа во наредниот период.

повеќе