Киев погоден од песочна бура, во градот рекордна стапка на загадување

Главниот град на Украина денес беше обвиткан во густ чад кој се ширел од пожарот во зоната на неактивната нуклеарка во Чернобил, а загадувањето на воздухот измерена утрово во Киев била меѓу најлошите во светот.

Киев, град со повеќе од три милиони жители, во четвртокот вечер беше погоден од песочна бура, предизвикана од налети на ветер, по што над градот се надвил густ чад со силен мирис на изгорено.

Во петокот наутро, Киев се најде на врвот на листата во однос на загадувањето на воздухот, според податоците на швајцарската компанија специјализирана за технологии кои го подобруваат квалитетот на воздухот на Ај-кју-ер.

Властите како причина за загадувањето ги наведуваат шумските пожари, особено во затворената зона околу Чернобил, местото на најтешката нуклеарна катастрофа во историјата во 1986 година. Поранешната нуклеарна централа се наоѓа на околу 100 километри од Киев.

Масовното согорување на исушената трева, исто така, придонело кон загадувањето, вообичаена практика во украинските села.

Службата за вонредни случаи тврди дека „не постои никаква хемиска или радиолошка закана“ и независни набљудувачи исто така потврдиле дека нивото на радијација не го надминува дозволениот стандард.

Властите ги повикаа граѓаните да останат дома и да ги затвораат прозорците.

Шумскиот пожар избувна во Чернобил на 3 април и зафати повеќе од 100 хектари шума околу некогашната нуклеарна централа. Угасен е во вторникот по повеќе од 10 дена, со голем ангажман на над 400 пожарникари и со помош на хеликоптери и авиони.

„Каде да летнеме викендов е пристап што како таков повеќе нема да постои“...

повеќе

Зголемувањето на парите за финансирање на партиите не помагаат во поттикнувањето на политичката активност на граѓаните, туку веројатно и делуваат контрапродуктивно, зголемувајќи ја недовербата во партиите и политичарите.

повеќе

За помалку од еден месец по олеснувањето на рестриктивните мерки, Косово се соочува со нагло зголемување на бројот на случаи со ковид-19, 

повеќе