Откако Путин припои 15% од Украина

Киев поднесе барање за забрзан пристап во НАТО

Претседателот Володимир Зеленски изјави дека Украина официјално аплицирала за забрзана процедура за прием во НАТО, пренесува Ројтерс.

Фото: ЕПА
„Преземаме решителен чекор со потпишувањето на барањето за забрзан пристап во НАТО“, порача Зеленски на каналот Телеграм.
 
Тој рече дека Украина е подготвена за преговори со Москва, но не со Владимир Путин, туку со друг претседател.
 
Украинскиот премиер Денис Шмихал потврди дека тој, претседателот Володимир Зеленски и претседателот на парламентот потпишале формално барање за забрзано членство во НАТО, пренесе Ројтерс.
 
Советот за национална безбедност на Украина одржа состанок за да ги разгледа мерките во врска со пристапувањето на четири украински региони кон Русија, пренесува Ројтерс.
 
„Се разговараше за мерките што мора да се преземат за да се обезбеди колективна безбедност на евроатлантската област и Украина“, се наведува на веб-страницата на претседателот на Украина.
 
Како што се наведува, таквите мерки треба да вклучуваат спроведување на стратегијата на нуклеарно одвраќање на Русија од страна на украинските сојузници.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Калоѓера не може да премолчи, не може да замиже пред историската вистина на Македонија, па затоа во својот живот се определил да македонствува.

повеќе

Слушањето како способност да го фокусираме вниманието на аудитивните дразби е важен аспект на нашиот живот и значително влијае на неговиот квалитет во сите сегменти.

повеќе

„Ќе дојде ден, кога пазарите отворени за трговија и размена на идеи, ќе бидат единствените борбени полиња“ - Виктор Иго

повеќе