Киев индипендент: Хрватска ќе го блокира влезот на Шведска и Финска во НАТО

Киев индипендент, еден од главните медиуми во Украина, на Твитер напиша дека Хрватска ќе ги блокира Шведска и Финска во пристапувањето во НАТО.

Фото: ЕПА

„Хрватска ќе го блокира влезот на Шведска и Финска во НАТО. Хрватскиот претседател Зоран Милановиќ рече дека ќе му нареди на постојаниот претставник на земјата во НАТО да гласа против потегот“, напиша киевскиот медиум на Твитер.

„Членството на двете нордиски земји ќе зависи од тоа дали ќе се промени изборниот закон во БиХ, рече Милановиќ, додавајќи дека Хрватите во БиХ се уништуваат како политички ентитет“, пишува Киев индипендент во објавата.

За оваа тема вчера на Твитер пишуваше и Јулија Мендел, поранешна портпаролка на Володимир Зеленски.

„Хрватскиот претседател исто така сака да ги блокира Финска и Шведска да влезат во НАТО. Претпоставувам дека некои политичари само сакаат да се пазарат и да го добијат она што го сакаат за да се подобри глобалната безбедност. Вреди да се додаде дека хрватската влада (која одлучува и има мнозинство во парламентот) апсолутно е за Финска и Шведска во НАТО“, напиша таа на Твитер.

Турција вчера го блокираше почетокот на преговорите за прием на двете нордиски земји во НАТО, неколку часа откако тие официјално ги поднесоа своите барања да се приклучат во Алијансата.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Војната во Украина ја разоткри вистината за Русија, но и вистината за Европа. 

повеќе

Несанкционирањето на овој говор доведува до повторување, ширење и злоупотреба на овие аномалии како еден вид „нормализиран“ начин во политичката борба против поединци и групи со различни мислења.

повеќе

Потписниците на нотарските изјави дека нема да гласаат за измените на Уставот се подложни на промени за материјално благо.

 

повеќе