Киев и проруските бунтовници договорија размена на заробеници

Официјален Киев и проруските бунтовници од истокот на Украина денес договорија дека пред крајот на годината ќе разменат заробеници, што е една од мерките за намалување на тензиите договорени на мировниот самит во Париз.

„Договоривме размена на заробеници пред крајот на годината, како што беше наведено во заклучоците на состанокот на Нормандиската четворка во Париз“, напиша на Фејсбук портпаролката на преговарачот на Киев Дарка Олифер.

Нормандиската четворка е составена од Русија, Украина, Германија и Франција.

Претставникот на Москва Борис Гризлов и претставници на бунтовниците го потврдија за руските агенции склучувањето на договорот за време на телеконференција.

И Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ), која има набљудувачи на истокот на Украина, со соопштение го потврди договорот.

По самитот во Париз, на кој на 9 декември се сретнаа украинскиот претседател Володимир Зеленски и рускиот Владимир Путин со француско-германско посредување, договорени беа неколку мерки за намалување на тензиите како размена на заробениците до крајот на годината и ново повлекување на борците од три области до крајот на март.

Украинските сили на истокот на земјата се борат со проруските бунтовници, а Киев и Западот сметаат дека ги поддржува Москва, што таа го негира. Во војната од 2014 година загинаа повеќе од 13.000 луѓе.

Мировните договори потпишани во Минск во 2015 година овозможија значително намалување на насилсѕтвата, но политичкото решение на конфликтот сѐ уште не заживува.

Москва и Киев уште во септември спроведоа голема размена на заробеници, што беше првиот знак на попуштање на кризата која ги тресе двете земји од 2014 година.

Брегзитот, односно напуштањето на Велика Британија на ЕУ, без сомневање ќе влијае врз градењето на новата политичка архитектура во Европа, со нова поделба на интересни зони на стариот континент.

повеќе

Германската канцеларка Ангела Меркел, меѓу другите, беше гневна; Балканот помодре од бес. ЕУ сега се обидува да го натера Макрон да го тргне ветото пред Европскиот самит во март.

повеќе

Мојата заложба е конечно законите и прописите наместо инструмент за спроведување лични интереси, да ја добијат вистинската функција, заштита на интересите на граѓаните. За жал...

повеќе