Киев ги обвини руските сили дека гаѓале полн трговски центар, Русија негира (ВИДЕО)

Руските сили извршија ракетен напад на трговски-центар во Кременчук, во кој се убиени најмалку 13 луѓе, а над 40 се ранети, изјави шефот на украинската дипломатија Дмитро Кулеба.

EPA-EFE

„Русите нападнаа голем трговски центар во Кременчук, во кој имало стотици цивили. Русија е срам за човештвото и мора да се соочи со последици. Одговорот би требало да биде испраќање уште тешко оружје на Украина, нови санкции и уште повеќе компании да ја напуштат Русија“, кажа Кулеба со снимката на запалениот трговски центар.

Гувернерот на украинската Полтавска област кажа дека две руски ракети го погодиле трговскиот центар.

„Ова е терористички чин против цивили“, кажа Дмитро Лунин, тврдејќи дека во близина немало никаква воена мета која руските сили можеле да ја гаѓаат.

Кременчук, индустриски град во кој пред руската инвазија живееле 217.000 луѓе, лежи на реката Дњепар, а во него се наоѓа најголемата украинска нафтена рафинерија.

Украинските воздушни сили објавија дека трговскиот центар бил погоден со две ракети со долг дострел Х-22 испукани од бомбардери Ту-22М3 кои полетале од рускиот Калушки регион.

На украинските тврдења реагираше заменикот на рускиот амбасадор во Обединетите нации.

„Има многу неконзистентности во Кременчук, сето ова изгледа на провокација каква што веќе видовме во Буча“, кажа рускиот дипломат.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Потписниците на нотарските изјави дека нема да гласаат за измените на Уставот се подложни на промени за материјално благо.

 

повеќе

Здруженост, сплотеност и поврзаност на луѓе, друштва, организации и институции кон една заедничка цел или поради заедничка причина. 

повеќе

Неколку години при здрав разум сакаат да ни наметнат и да нѐ убедат дека со соседна Бугарија сме имале заедничка историја. 

повеќе